Утрински Весник
Македонија

Одбележување на Светскиот ден за безбедност и здравје при работа

20250427145837 big 730x400 3.webp.webp

Македонското здружение за заштита при работа (МЗЗПР) денеска ќе го одбележи 28 Април – Светскиот ден за безбедност и здравје при работа и ќе го презентира Годишниот извештајза случени несреќи и повреди на работните места во 2024-та.

Како и во минатите години, во парк во Аеродром, ќе бидат засадени дрвца  во спомен на загинатите работници на работните места. 


Светскиот ден за безбедност и здравје при работа е востановен од  Меѓународната организација на трудот  за да ја промовира превенцијата од несреќи, повреди и професионални болести на глобално ниво.

-Станува збор за кампањи за подигање на свеста наменета да се фокусира меѓународното внимание на новите трендови во областа на безбедноста и здравјето при работа. Темата на кампањата на МОТ за 2025 година е „Нова ера во здравјето и безбеноста: Улогата на вештачката интелигенција и дигитализацијата на работното место“, информира МЗЗПР. 

Можете да прочитате

Во неколку општини СДСМ нема да има кандидат за градоначалник, туку само советнички листи

Нормализиран сообраќајот на автопатот Тетово-Скопје

СДСМ објави 19 кандидати за градоначалници, Горан Герасимовски во Центар, Александар Трајановски во Аеродром