Утрински Весник
Македонија

Одбележана 103-годишнината од смртта на Ѓорче Петров во скопската општина која го носи неговото име

Slika 428.06.2024.jpg

Општина Ѓорче Петров денеска пред споменикот на патронот Ѓорче Петров во реонскиот парк со пригодна свеченост и положување цвеќе од страна на бројни делегации, одбележа 103 години од неговата смрт.

Ѓорче Петров е убиен во 1921 година во Софија. Општината со гордост го носи името на револуционерот и идеолог Ѓорче Петров кој поставил здрави темели на кои денеска се потпира Македонецот.

-Петров останува пример за сите нас како се сака и чува својата татковина, Република Македонија. Неговата посветеност кон македонското револуционерно дело, работа, дејност и истрајност е историја за која веќе еден век генерациите учат како е правилно – соопштија од Општина Ѓорче Петров.

Ѓорче Петров, се додава во соопштението од Општината, неизмерно ја сакал Македонија и во своите дела ја опишувал како една од најубавите земји.

-И од тие дела сме учеле сите, а учат и новите млади генерации. Да живее споменот за Ѓорче Петров – подвлекуваат во соопштението од оваа локална самоуправа. 

Можете да прочитате

Два часа се чека на „Табановце“ за влез во Македонија

Лажен оглас за бесплатен курс по Англиски јазик од Владата кружи на социјалните мрежи

Скопјанец донесен избоден во Градска болница