Утрински Весник
Македонија

Од вторник (17 јуни) во Македонија појава на локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер!

Meteoalarm.mk 9 1.png

Метео анализа на Славчо Попоски:

Поради прилив на поладен воздух од север на висина, од вторник (17 јуни) во нашата Македонија ќе дојде до делумно дестабилизирање на атмосферата и создавање на услови за локален развој на грмотевични конвективни облаци, од кои очекувам појава на краткотрајни, но поројни врнежи од дожд, проследени со грмежи и засилен ветер во зоната на нестабилност. Во ваква ситуација, можна е  и локална појава на град.


Што се однесува до времето во Скопскиот регион, исто така, од вторник (17 јуни) во попладневните часови можна е појава на краткотраен локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Што се однесува до температурите, тие остануваат релативно пријатни и не премногу високи, па тие ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 35 степени. Во Скопје и  околината температурата во следниот период ќе се искачува во интервалот помеѓу 33  и 35 степени.

На следниот линк можете да ја следите алатката за рано предупредување од невреме НОТАС, и истата е од голема корист на секој граѓанин https://nothas.finki.ukim.mk/

Можете да прочитате

МВР со важно известување за родителите на малолетни деца

(Видео) Мечкa претура по контејнери во општина Марвово и Ростуше

Алиу: Ќе ги дисперзираме услугите за онколошките пациенти онаму каде што има услови