Утрински Весник
Економија

Од утре за еден денар поскап бензин

Од полноќ намалување на цената на дизелот

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,34% во однос на одлуката од 20.7.2023 година.

dobivaj vesti na viber

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 4,133%, кај дизелот за 1,937% , кај екстра лесното масло зголемување за 2,431% и кај мазутот намалувањето е за 0,446%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,39%

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) не се менуваат.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 1,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,293 ден/кг и сега ќе изнесува 41,001 ден/кг.

Од 25.7.2023 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 82,50 (денари/литар)

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 84,50 (денари/литар)

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 72,50 (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 71,50 (денари/литар)

Мазут М-1 НС 41,001 (денари/килограм)

Ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 25.7.2023 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

Можете да прочитате

Во ноември лани 304 одобренија за градење, во Скопскиот Регион 427 стана

Четириесет нови инспектори ќе бидат вклучени на терен за да се контролира кој не ги почитува законите

Дурмиши: Цените на храната се намалуваат