Утрински Весник
Македонија

Од утре врнежливо време – 24info.mk

Dozd sneg.jpeg

Следните неколку денови времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат пообилни, а поради спуштање на ладна воздушна маса, на планините и некои од повисоките места ќе има услови врнежите да поминуваат во снег.

Како што информира УХМР, утре ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат пообилни. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, кој ќе биде поизразен долж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 4, а максималната од 11 до 15 степени.


Во Скопје претпладне ќе биде облачно, а попладне со услови за слаби врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне 13 степени.

Во среда и во четврток ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од источен и североисточен правец, а од петок ќе дува северен ветер. Дневната температура ќе има тенденција на опаѓање.

Можете да прочитате

Повредениот Авокатов: Трагедијата во „Пулс“ разбуди емпатија кај народот, имавме голема поддршка!

Повредениот Авокатов ја опиша годината помината од големиот пожар во Кочани

Две мали деца се затруле со хемикалија во кумановско, пренесени на Детска клиника