Утрински Весник
Македонија

Од утре почнува автобуски превоз Тетово-Попова Шапка-Тетово

Popova Sapka.jpg

Општина Тетово повторно воведува зимска автобуска линија Тетово – Попова Шапка – Тетово. Автобусите на општинското претпријатие за јавен превоз „Тетово Транспорт“ од овој викенд ќе почнат да возат до скијачкиот центар и назад, а цената за повратен билет е 200 денари.


-Оваа линија ќе биде во функција секоја сабота и недела и очигледно ќе влијае не само на зголемување на бројот на туристи, туку и на олеснување на сообраќајот на овој патен правец. Патниците ќе се превезуваат со автобуси на Јавното претпријатие „Тетово Транспорт” – Тетово, со што граѓаните ќе можат полесно да патуваат до овој туристички центар. Евентуално, доколку настане хаос во сообраќајот, автобусите ќе застанат на местото викано „Сидол”, од каде ќе се врши превоз со комбиња до крајната дестинација, информираат од Општина Тетово.

Од Тетово до Попова Шапка автобусите ќе тргнуваат во 08:00, 10:00, 12:00 и 15:30 часот, а во градот ќе се враќаат еден час подоцна од овие термини.

Можете да прочитате

Сопственик на угостителски објект во Куманово уценуван од поранешна вработена со помош на друго лице

Државниот архив одбележува 75 години од основањето

Уапсени две лица поради бегство од затвор, претходно осудени поради „тешка кражба“