Утрински Весник
Македонија

Од утре облачно време и локални врнежи од дожд

Vreme.jpeg

Времето утре ќе биде променливо облачно со слаб до умерен јужен ветер. Претпладне во одделни котлини ќе се појави слаба магла, а кон крајот на денот и во текот на ноќта се очекуваат повремени локални врнежи од дожд.

Минималната температура ќе се движи од -1 до 5, а максималната од 8 до 15 степени. Во Скопје ќе биде претежно облачно со слаб јужен ветер, минимална температура до 1, а максимална до 9 степени.

Под влијание на влажни воздушни бранови, во вечерните часови ќе следува период на претежно облачно време со повремени локални врнежи, особено пообилни во западните и јужните делови на земјата. На повисоките планини дождот ќе преминува во снег. Минималните температури ќе бидат позитивни.

Можете да прочитате

СДСМ: Цела Македонија во колапс, ВМРО ги изненади снег во јануари

ВРЕДИ: Ристов не е изолиран случај, “чадорот” на заробената правда се крши

(Фото) Неисчистен снег создава хаос низ Македонија – камион излета кај Росоман