Утрински Весник
Македонија

Од утре целосна блокада за товарни возила – Грчките земјоделци ја затвораат границата 48 часа

Granica bogorodica 1000x600 1.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Од утре, 8 јануари 2026 година, со почеток во 10:00 часот, граничниот премин Меџитлија (Ники) ќе биде целосно затворен за товарниот сообраќај. Како што информираат од Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ), блокадата е поради протест на грчките земјоделци, кои најавија радикализација на своите активности.

Забраната за движење на камионите ќе трае 48 часа, односно до сабота, 10 јануари, во 10:00 часот. Во овој период, преминот ќе биде непрооден исклучиво за товарни возила, додека патничкиот сообраќај ќе се одвива согласно состојбата на терен.

Од АМСМ апелираат превозниците навремено да ги пренасочат своите рути и да користат алтернативни гранични премини, како и редовно да ги следат официјалните информации за евентуални промени на состојбата.

Можете да прочитате

Скопјанец ја натепал поранешната девојка удирајќи ја по главата и телото, па ја исфрлил од кола туркајќи ја меѓу столбчиња

Пензионерите од Кавадарци добиваат бесплатен превоз

МВР расчисти вкупно 12 случаи на „измама“, од слобода е лишена 23-годишна скопјанка