Утрински Весник
Спорт

од Турција – Загина голманот на Малатија, поранешен играч на Челзи, затрупан под урнатините

од Турција – Загина голманот на Малатија, поранешен играч на Челзи, затрупан под урнатините

Повеќе од 1.500 луѓе загинаа денеска во јужна Турција и соседна Сирија во силниот земјотрес со јачина од 7,8 степени по Рихтер, а неколку часа подоцна следеше уште еден многу силен земјотрес со јачина од 7,5 степени.

dobivaj vesti na viber

Тие земјотреси беа регистрирани дури и на Гренланд.

Билансот на жртви е привремен и се очекува бројот на загинати да се зголеми бидејќи многумина се затрупани под урнатините.

Тоа е најголемиот земјотрес во Турција од 17. август 1999 година, кога загинаа 17.000 луѓе, од кои 1.000 во Истанбул.

За жал, и фудбалскиот свет е во жалост откако турскиот второлигаш Малатијаспор објави дека под урнатините починал и голманот Ејуп Туркаслан, додека неговата сопруга била спасена.

Исто така, од Турција пристигна информација дека под урнатините се и поранешниот фудбалер на Челзи, Кристијан Атс и спортскиот директор на Хатајспор, Танер Савут. Атсу синоќа постигна гол за победа на својот тим во 97.минута против Касимпаша.

Тренерот на тимот, поранешниот голман на трската репрезентација, Волкан Демирел, , во солзи и се обрати на јавноста и побара помош за Хатај и Турција…

Можете да прочитате

Георгиевски освои злато на Скопје опен Г1

ГРК Охрид домаќин на Олимпијакос во реваншот од четвртфиналето на Европскиот куп

Последно коло од регуларниот дел на сезоната во кошаркарското првенство