Утрински Весник
Македонија

Од средината, и во втората половина од февруари 2025 ни следува многу ладен период, но без обилни снежни врнежи!

Ecm0 120 1.gif
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Од средината, како и во втората половина на овој месец ни следува многу ладен период, како во Македонија, па така и во целиот регион. Поточно, од истокот  и од североистокот на Европскиот Континент ќе ни продре многу ладен воздух кој ќе услови многу ниски температури на воздухот, и тие ќе бидат потпросечни за овој период од годината.

На Метеоролошката карта можете да видите дека најголем дел од Европскиот Континент, вклучувајќи ги и Балканот и нашата Република Македонија ќе имаат многу ладно време со температури кој се пониски од вообичаените, односно од 30 годишниот просек.


Сепак и покрај ова, ќе имаме претежно сув студ, или повремено ќе има услови само за локални послаби врнежи претежно од снег. Повеќе снег овој бран ќе донесе во регионот.

Во следните мои метео објави следува детална метео анализа и околу температурите на воздухот кои се очекуваат за време на овој многу ладен бран кој ни доаѓа.

Можете да прочитате

14 години од смртта на Киро Глигоров – таткото на македонската независност

(Фото) Скопје ја дочекува Новата 2026 година со полн плоштад

Принцеза ја отвори 2026 година на ГАК