Утрински Весник
Македонија

Од протестот во Скопје: Барања за одговорност за полицијата, обвинителството и центрите за социјална работа

08f10ce1 80f8 43f2 ba4e b39d0fb6f3f4.jpeg

Фемицидот не е несреќа, ниту трагедија што „паднала од небо“, туку системска криза и симптом на длабока рана во општеството што со години крвари. Ова беше пораката на една од активистките на вечерашниот протест кај паркот „Жена борец“ во центарот на Скопје, организиран од неколку невладини организации по повод убиството на 31-годишната велешанка Росица Коцева и нејзиниот татко, од страна на нејзиниот поранешен партнер кој потоа се самоуби.

Присутните нагласија дека убиството можело да се спречи доколку институциите навремено реагирале. „Ако се постапувало по протоколи, ако криците за помош беа слушнати, Росица ќе беше заштитена,“ истакнаа организаторите.


Попладнево граѓани се собраа и пред Министерството за внатрешни работи во Скопје, обвинувајќи го системот за колапс и игноранција кон континуираното насилство врз жените, што резултира со фемициди.

„Ниту една повеќе. Не врти глава на насилството,“ порачаа учесниците на протестот, кои упатија барања за институционална одговорност и санкции – оставки и дисциплински постапки за полицајци, обвинители и вработени во Центрите за социјална работа што биле запознаени со случајот.

„Државата во која живееме создава совршени услови насилниците да просперираат, додека ние се плашиме за нашите животи,“ порачаа активистите.

Можете да прочитате

Избувна пожар кај Морани – 24info.mk

Средба на министерот Муцунски со сенаторот Петер Велч во Вашингтон

Мицкоски: Има основани сомненија за инспираторите за пожарите, има и приведени