Утрински Весник
Економија

Од посакуваните 100.000 долари, што останува од американската плата на крајот на месецот зависи од градот

Од посакуваните 100.000 долари, што останува од американската плата на крајот на месецот зависи од градот

За многу Американци, годишната плата од 100.000 долари изгледа како симбол на успех, но тоа е релативно и се зависи од тоа каде живеете.

dobivaj vesti na viber

На пример, во Њујорк, таа сума, по одбивањето на даноците и скапите сметки за живот, изнесува 36.000 долари, објави „Блумберг“.

Ова се податоци од 76-те најголеми градови во САД за да се види каде остануваат најмногу пари од имагинарните 100.000 долари, а анализата ја направи „Smart Asset“, давател на финансиски информации.

Најниско е рангиран Њујорк, каде 100.000 долари завршуваат како 35.791 долари.

Меѓу 10-те најскапи градови освен Њујорк, се: Сан Франциско, Вашингтон, Лос Анџелес, Бостон и Сиетл.

Од 100.000 долари, најмногу пари може да ви останат во Мемфис, Тенеси, каде што по одбитоците, ќе имате 86.444 долари.

Можете да прочитате

Бензините и дизелот поскапуваат за 1,5 денари

Над 150 милиони евра од унгарскиот кредит префрлени кај бизнисот, во четврток состанок со општините за договорите од вториот повик

Мицкоски: Понудите за брзата пруга се доверливи, ќе ја прифатиме најдобрата зашто работиме исклучиво во интерес на граѓаните