Утрински Весник
Македонија

Од понеделник оперативни средствата од унгарскиот заем за компаниите

Img F651ed7c4acc33a272c89e3b8d601b78 V 960x540 1.jpg

На седницата на Владата во вторникот поминаа договорите кои се однесуваат на унгарскиот заем за да ги поддржиме активностите на компаниите. Оние 250 милиони евра кои ги ветивме ќе бидат веќе ставени на располагање. Владата ги усвои договорите, се чекаат уште последните мислења кои сметам дека заклучно со денеска ќе бидат завршени и веќе од понеделник Развојната банка со комерцијалните банки може да потпишува договори, а економските оператори како клиенти да ги користат, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски.

Пред претставниците на бизнисот во Стопанската комора, Мицкоски ги повтори условите за заемот.


– Би сакал уште еднаш да повторам дека имаме кредитна линија која ќе биде до три години грејс период и до 15 години рок на отплата со каматна стапка од 1,95 проценти. На средба пред некој ден со гувернерката, разговаравме дека моментално пондерираната просечна камата што бизнисот ја користи од комерцијалните банки е околу 4,7 отсто што прв пат можеби е идентична со онаа во Европа. Порано секогаш тука било за два до три проценти повеќе, сега е отприлика идентично како во Европа. Но, ние и на тоа како Влада се обидовме да помогнеме. Мислам дека на овој начин можеме многу да му помогнеме на македонското стопанство со овие 250 милиони евра и минимум 20 проценти сопствено учество, потенцира Мицкоски на настан во Стопанската комора.

Владата, нагласи премиерот, очекува инвестициска активност од 300 милиони евра што за економија како македонската е пристојно и оптприлка 1,7 – 1,8 отсто од БДП.
Мислиме дека на овој начин ќе додадеме вредност и ќе помогнеме да се предизвика процес кој понатаму само ќе се засилува. Цениме дека вака ќе им помогнеме и на извозно ориентираните компании да вложат во нови средства и нови погони, со што ќе го зголемат свето извозно портфолио и ќе можат да настапат на нови пазари, рече Мицкоски.

Тој информира и дека пристигнале и вторите 500 милиони евра кои веќе се искористиле за враќање на еврообврзница од 2018 година.

– Откако направивме детална анализа на пазарот, констатиравме дека кога би излегле со еврообврзница отприлика каматата би била 6,25 – 6,5 отсто за период од седум – осум години, а оваа камата што ја добивме за втората транша од унгарскиот заем е 3,25 проценти, значи минимум три проценти штедиме само на камата или на 500 милиони евра отприлика 15 милиони годишно или за седум години околу 105 милиони евра што мислиме дека е добра зделка ако се земе предвид какви се пазарните услови за нас како држава. Цениме дека со овие маневри ќе му помогнеме на стопанството, имајќи предвид дека извозно ориентираните компании, посебно оние поврзани со автомобилската индустрија, имаат одредени потешкотии во работењето и вака ќе можеме да им излеземе во пресрет, истакна Мицкоски.

Претседателот на Стопанската комора Бранко Азески за унгарскиот кредит кусо коментираше дека „она што се вети и што беше договорено, почнува да се реализира“.

Можете да прочитате

Стојаноски: Граѓаните покажаа легитимна реакција, ова е сигнал трговците да ги почитуваат договорите

Пратеник на ВМРО-ДПМНЕ по смртта на Фросина најавува законски измени за ваквите сторители во петок во Собрание

Тригодишно дете заболено со голема кашлица – Нов случај пријавен во Македонија