Утрински Весник
Економија

Од полноќ намалување на цените на горивата

Дизелот поскапува за три денари, бензините за половина денар

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,92% во однос на одлуката од 2.09.2022 година.

dobivaj vesti na viber

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 2,00 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 1,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалува за 3,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,277 ден/кг и сега ќе изнесува 52,463 ден/кг.

Од 6.9.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 85,50 (денари/литар)

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 88,00 (денари/литар)

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 98,00 (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 94,50 (денари/литар)

Мазут М-1 НС 52,463 (денари/килограм)

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 3,983%, кај дизелот за 1,812%, кај екстра лесното масло за 4,293% и кај мазутот намалување за 0,568%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,068%.

Можете да прочитате

Од полноќ нови цени на горивата, по одлуката на Владата за намалување на ДДВ од 18 на 10 отсто

Утре започнува Конференцијата на високо ниво за централното банкарство во услови на светски промени

ВМРО-ДПМНЕ: Со новите мерки на Владата граѓаните заштедуваат околу милион и пол илјади евра неделно