Утрински Весник
Спорт

Од почетокот на руската агресија загинаа 262 украински спортисти

Од почетокот на руската агресија загинаа 262 украински спортисти

Војната на Русија против Украина ги однесе животите на 262 украински спортисти и уништи 363 спортски објекти, изјави министерот за спорт на земјата, Вадим Хутсаит, пренесе Ројтерс.

dobivaj vesti na viber

По инвазијата на Русија на Украина во февруари 2022 година, голем број на украински спортисти  доброволно земаа оружје за да ја бранат својата земја. Меѓу загинатите само оваа година се лизгачот Дмитро Шарпар, кој загина во битките кај Бахмут, и Володимир Андрошук, 22-годишен шампион во десетобој.

На средбата со претседателот на Меѓународната гимнастичка федерација, Моринари Ватанабе, Хутсаит рече дека ниту еден спортист од Русија не треба да се натпреварува на Олимпијадата или на други спортски натпревари.

„Сите тие ја поддржуваат оваа војна и присуствуваат на настани што се одржуваат за поддршка на инвазијата“, рече Хутсаит,

Интернационалниот олимписки комитет (ИОК) препорача постепено враќање на руските и белоруските спортисти на меѓународните натпреварувања како неутрални, но се уште не одлучил за нивното учество на Олимписките игри во Париз во 2024 година.

Украина во петокот соопшти дека на нејзините спортисти нема да им биде дозволено да настапат на Игрите во 2024 година доколку мораат да се натпреваруваат против Русите, одлука што ја критикуваше ИОК.

Можете да прочитате

Пандев и Омерагиќ: Започнува новата ера во македонскиот фудбал

Почна судскиот процес за изнуда на пари од Погба, меѓу обвинетите и неговиот брат

Навивачите на Баерн со порака за претседателот на ПСЖ