Петардите можат да ги исплашат и сериозно да ги повредат животните, а многумина умираат од срцев удар поради празнични пиротехнички средства. За тоа сведочат обемни статистички податоци зад кои стојат вистински трагедии, повреди и трауми кои настапуваат поради моментална еуфорија или незнаење. Знаеме дека се многу опасни генерално за децата, но дали ви паднало на памет колку им пречат на луѓето со аутизам? Децата со аутизам се преосетливи на каков било ненадеен звук и бучава, па Новата година ја дочекуваат во градот исплашени и под стрес, вознемирени, бараат близок контакт со родителите за да се смират, често покажувајќи знаци на автоагресија што значи дека можат да се повредат.
Воедно буквално секоја година, илјадници животни – птици, мачки, кучиња – умираат од употреба пиротехника. Вознемирувачки е да се види куче како доживува паничен страв и избезуменост. Кучињата, домашни миленици се кријат низ куќата, а неретко од стрес успеваат да избегаат од поводник и се загубат, или загинуваат на улица. Оние кои се бездомни се најизложени да доживеат срцев удар или да умрат под тркалата на автомобилот поради петарди.
Со купување петарди и други пиротехнички средства за забава, ја поддржувате нелегалната трговија со експлозиви, фрлате пари на препродавачи и свесно ја уништувате животната средина, животните и другите луѓе – Сетто ова лесно може да се избегне. Бидете совесни, не купувајте петарди…купете храна за напуштени животни, ширете среќа и направете добро дело во деновите што доаѓаат!