Утрински Весник
Македонија

Од патарина во првите девет месеци инкасирани 58,725 милиони евра, електронската наплата 35 проценти

20240603155638 big 730x400 13.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Вкупните приходи од наплата на патарина за првите девет месеци од годинава изнесуваат 3.611.645.604, денари (58,725 милиони евра), соопшти Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП).

Во септември годинава прометот на наплатните станици изнесува 401.971.971 денар, а во летните месеци кога е највисока фрекфенцијата на возила, биле инкасирани 494.308.025 во август, 469.811.647 во јули и 399.325.680 денари во јуни годинава.

Најпрофитабилна е наплатната станица Романовце, а најниски се приходите на Кадрифаково.

Во септември, прометот од патарини по издадени профактури ЕТЦ изнесува 30.870.116, преку веб (онлајн) надополнување 30.888.802 денари. На наплатата преку системот „Отворен Балкан“ во септември отпаѓаат 10.486.530 денари.

Од ЈПДП велат дека електронската наплата достигнала 35 проценти.

Во подготвителна фаза е најавениот проект за надополнување на МТаг и Мкард и, како што велат од ЈПДП, се очекува во блиска иднина да се отпочне преку правни лица малопродажбата на М-ТАГ уредите низ целата држава.

Можете да прочитате

УЈП: Електронските услуги ќе бидат во прекин

АХВ: Уништени над 624 килограми небезбедна храна пред празниците

Државата ќе набави пет нови локомотиви за 21 милион евра