Утрински Весник
Македонија

Од овој месец печатените електронски документи ќе се признаваат како оргинални

Elektronski Izvod Od Matichna Kniga Na Rodenite.jpg

Печатените електронски документи ќе имаат иста важност како оргиналниот документ. Ова е овозможено со измените на Законот за електронски документи што ги изгласа Собранието.

– Во Собранието, мнозинството ја изгласа измената на Законот за електронски документи. Јас велам два члена се, многу мала измена, но мислам дека многу ќе значи.


А тоа е дека, од сега електронски извадените документи од порталот или било кој друг државен портал, кој што се целосно електронски, ќе можете да ги испечатите и да ги користите исто како оригинален документ.

Нема да треба да одите по печат, истакна министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски во синоќешното гостување во емисијата „За или против“ на телевизија Алфа.

Измените на овој закон, според Андоновски, ќе доведат до олеснување на вадење на документите и наместо да се оди по шалтери, граѓаните ќе ги добијат услугите на своите мобилни уреди.

– За жал, досега кога ќе извадевте некоја услуга од порталот, иако таа е потпишана со QR код и електронски потпис, и истата ќе ја приложевте во некоја институција како документ, ќе ви кажат дека документот не е оригинал туку копија.

Со измени на законот, овој испринтан електронски документ ќе има иста важност како да е со обичен син печат, така што ќе може целосно да се користи насекаде, истакна Андоновски.

Најави дека ќе има инспекциски надзор, кој што по пријава од граѓани ќе реагира, доколку некоја институција не им ги прифати нивните испечатени електронски документи.

– Измената на овој закон ни дозволува и инспекциски надзор од страна на Министерството, што значи дека прво превентивно подготвуваме едно упатство, кое што ќе го испратиме до сите институции, да знаат како функционира процесот, да се свесни.

Потоа, при пријава на граѓаните, кога ќе забележиме дека тие не го почитуваат законот, во случај да има такви, ќе имаме простор за изрекување и на прекршочни санкции за оние институции кои нема да ги прифатат овие електронски документи, појаснува Андоновски.

бак/Фото: Министерство за дигитална трансформација .

Извор: МИА

Можете да прочитате

Филипче: Да ја споделиме радоста со нашите најблиски и да покажеме дека заедно можеме да создадеме подобра иднина

Лепче со паричка на Бадник или на Василица?

Во 2024 година најмногу пријави за труења со храна и за производи со поминат рок