Утрински Весник
Македонија

Од МНР со осуда за искршената табла на бугарскиот клуб во Охрид

Од МНР со осуда за искршената табла на бугарскиот клуб во Охрид

„Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија најстрого го осудува вандалскиот чин кој се случи денес, 12 октомври во Охрид, со кој е искршена таблата на неодамна отворениот клуб“ соопштија попладнево од МНР.

dobivaj vesti na viber

Оттамуа потсетуваат дека според Уставот, и според долгогодишната пракса во земјава, сите граѓани на Република Северна Македонија имаат еднаква слобода на здружување заради остварување на нивните права и уверувања.

„Ги повикуваме сите надлежни институции да преземат соодветни мерки за овозможување на непречено исполнување на сите со Устав и закон загарантирани човечки и граѓански права и слободи. Истовремено, го повторуваме апелот и до сите граѓани и здруженија на граѓани за зрело и одговорно однесување со почит кон правата и слободите на другите, напоменувајќи дека мултиетничкиот карактер на нашата држава е една од темелните вредности на уставниот поредок, кое претставува право и обврска за секој од нас“ – стои во соопштението.

Можете да прочитате

Трифунова: На колена ве молам – помогнете ми да ја одбранам смртта на мојот ангел

Смрт на заштитен вид мајмун во Скопската Зоолошка

Обвинителство ќе организира средба со родителите на загинатите во Кочани