Утрински Весник
Македонија

ОД ДЕНЕС ВЕДРО НЕБО И МНОГУ СОНЦЕ: Максималните дневни температури повторно пролетно високи

Messenger Creation E82f4d49 6199 4076 Ac21 37869ccc58a6.jpeg

Метео анализа на Славчо Попоски:

Од денес, па во следните неколку денови во Македонија ќе следува период на стабилно, суво и сончево време, повремено со мала до умерена локална облачност. Во текот на денешниот ден Долж Повардарието сеуште ќе засилува ветерот од северен правец.

Температурите преку ден повторно ќе бележат тенденција на пораст, и ќе бидат пролетно високи, односно тие ќе се искачуваат во интервалот од 12 до 19 степени.

Сепак уште утре наутро на повеќе места повторно се очекува појава на слаб до умерен мраз, како и температури за неколку степени под нулата, додека потоа и утринските температури ќе бележат тенденција на пораст.

Во Скопје и околината исто така следува период на стабилно, суво и на претежно сончево време. Денес сеуште ќе засилува ветерот од северен правец. Максималата температура ќе се искачува во интервалот помеѓу 14 и 17 степени.

Можете да прочитате

Полициските хеликоптери исфрлија над 50 тони вода врз пожарите во Малино и Немањица

ВИДЕО: Евакуација на жителите на Немањици

Едно лице загина во пожарот кај кумановско Кокошиње