Утрински Весник
Македонија

Од 30 на 50 денари за час ќе се зголеми цената за паркинг на Клинички со катните гаражи, Таравари вели тоа е пристијна цена

Klinicki.webp.webp

Иако премиерот Христијан Мицкоски вели дека се е во доменот на шпекулации, министерот за здравство Арбен Таравари најави поскапување на паркинот на Клинички од 30 на 50 денари за час по преземањето од страна на албанската компанија Ѓока.

Според него, договорот со компанијата би требало да се потпише откако ќе помине неколку филтри, но доколку има негативни реакции, истиот нема да се случи, вели тој.


„Морам да кажам дека не се однесува договорот за 20 години, туку услов во договорот е дека фирмата која ќе го добие тендерот ќе стопанисува со паркингот додека е на тоа место Клиничкиот центар. Јас не верувам дека повеќе од 7-8, еве и 10 години таму ќе остане Клинички. Затоа и немаше интерес од компаниите, да беше на подолг рок ќе се пријавеа повеќе“, рече денеска Таравари.

Во однос на цената, Таравари смета дека 50 денари е сосема пристојна цена, а како аргумент за тоа посочи дека околните паркинзи сега имаат далеку повисока цена.

Можете да прочитате

Нови правила за онлајн медиумите – регистрација во АВМУ за поголема професионалност

Поткаст ЗРАК: Квалитетната и здрава храна помага за полесно поднесување на зрачната и хемотерапијата

Ристеска во поткаст ЗРАК: Храната на нашиот пазар, не е со ист квалитет како во земјите на ЕУ