Утрински Весник
Магазин

Од 12 монархии во Европа, Британија е единствена што одржува церемонија на крунисување

Од 12 монархии во Европа, Британија е единствена што одржува церемонија на крунисување

Милиони луѓе ширум светот го гледаа крунисувањето на Чарлс Трети, новиот британски крал, и неговата сопруга Камила.

dobivaj vesti na viber

Британски монарх за последен пат беше крунисан во 1953 година. Тоа беше Елизабета Втора, најдолговечната британска кралица која беше на тронот повеќе од 70 години.

70 години по крунисувањето на Елизабета Втора, која седна на тронот на 25-годишна возраст, Британците го крунисаа Чарлс Трети, кој годинава ќе го прослави својот 75-ти роденден. Неговото крунисување, иако медиумски покриено, е далеку поскромно од тоа на Елизабета Втора.

Крунисување на Елизабета Втора траеше цели три часа, а во Вестминстерската опатија се натрупаа 8.000 луѓе. Повеќето од нив беа членови на британското благородништво – војводи, грофови, маркизи, виконти и барони.

Велика Британија е последната европска монархија во историјата која ја задржа церемонијата на крунисување. Во другите монархии нема ваква церемонија, туку преносот на круната се одвива на симболично ниво. На пример, кралот на Шпанија се заколнува на верност на круната додека круната стои на олтарот за време на црковна служба. Некои монархии, како што се Холандија и Белгија, никогаш немале церемонија на крунисување.

Вкупно 12 монархии преживеаја во Европа, но само Британците го задржаа крунисувањето. Покрај тоа, церемонијата на крунисување на британски монарх е настан кој се следи на глобално ниво. Другите земји кои сè уште имаат монархии практикуваат свои церемонии.

На континентот има 12 суверени монархии, од кои 10 се наследни, а две, Ватикан и Андора, изборни.

Обединето Кралство, Луксембург, Данска, Норвешка, Линхенштајн, Шведска, Ватикан (дом на Светата столица, владата на Католичката црква),Шпанија, Андора, Холандија, Белгија и Монако.

Крунисувањата, кои се одржуваат во Вестминстерската опатија од 1066 година, во голема мера се симболична формалност. Тие не го сигнализираат почетокот на владеењето на монархот.

Кога Елизабета Втора почина на 8 септември 2022 година на 96-годишна возраст, нејзиниот најстар син, принцот Чарлс, веднаш стана крал на Англија.

„Церемонијата всушност го прави видлив и легитимен фактот дека тој е крал“, вели Алис Хант, историчарка од Универзитетот во Саутемптон, Англија.

„Моментот кога претходниот владетел ќе почине и новиот ќе се качи на тронот е како нивна свршувачка со државата, додека крунисувањето е свадба што ја зацврстува таа заедница,“ вели Џорџ Грос, историчар на Кралскиот колеџ во Лондон и ко-основач на „Бритиш коронејшн проџект“.

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста