Утрински Весник
Македонија

Очекуваниот животен век во ЕУ е 80,6 години, во Македонија 73,2

20240316100011 big 730x400 7.webp.webp

Очекуваниот животен век на жителите на ЕУ е 80,6 години, соопшти Еуростат. Проценката е направена врз база на податоци во 2022 година, според кои животниот век на граѓаните на ЕУ е продолжен за пет месеци во однос на 2021, но е е за девет месеци покус од предпандемискиот период во 2019 година. 

По избувнувањето на пандемијата COVID-19, овој индикатор се намалил на 80,4 во 2020 година и на 80,1 година во 2021 година. Во 2022 година, очекуваниот животен век во ЕУ се зголемил, но се уште не ја достигна вредноста од 2019.

Регион во ЕУ со најдолг животен век е Мадрид во Шпанија со просек од 85,2 години, потоа Тренто во Италија со 84,4, Ил во Франција 84,1 и Стокхолм во Шведска со 84,0 години.

Најкраток очекуван животен век, пак, имаат жителите на неколку региони во Бугарија 72,3 години и во Унгарија 74,1 година.

Жените во ЕУ живеат подолго од мажите и нивниот очекуван животен век е 83,3 години, што е за над пет години повеќе од мажите чиј просек е 77,9 години.

Еуростат нема податоци за проценка на животниот век на населението во Северна Македонија за 2022 година. Според податоците од 2021, Македонците во просек живеат 73,2 години. Животниот век на жените е 75,5, а на мажите 71,1 година.

Во 2021 е заблежан пад на очекуваниот животен век во земјава за три години и пет месеци во спроедба со 2018 кога изнесувал 76,7 години. 

Можете да прочитате

Министерот Тошковски присуствуваше на отпочнување на процесот за полагање на испит за ракување со оружје

Таблетарната онколошка терапија од 4 август ќе може да се подигнува директно во аптеките

Лога: ДИК да ја разјасни дилемата околу бројот на кандидати на советничките листи