Утрински Весник
Македонија

Обвинителството за убиството во Капиштец: Неколку пати било пукано кон жртвата, а убиецот продолжил да го удира со пиштолот во главата

Обвинителството за убиството во Капиштец: Неколку пати било пукано кон жртвата, а убиецот продолжил да го удира со пиштолот во главата
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Скопското обвинителство го заврши увидот на лице место во казиното во кое утрово се случи убиство во Капиштец.

dobivaj vesti na viber

Според првичните сознанија од Обвинителството, починатиот маж на возраст од 46 години, во казиното пристигнал заедно со уште три лица, во видно алкохолизирана состојба.

„Мажите извесно време играле на апаратите, а потоа жртвата започнал да се расправа и да се турка со едно од лицата со кои бил заедно во казиното. Другите двајца се обиделе да ги раздвојат, но осомничениот извадил пиштол и неколкупати пукал во оштетениот. Потоа со кундакот од пиштолот го удрил повеќе пати во пределот на главата. Жртвата им подлегнала на повредите на лице место“, велат од Обвинителството.

Се трага по лицето за кое постои сомнение дека го извршило убиството.

По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција. Ќе се врши вештачење на траги и докази подигнати од лице место и ќе се разговара со сведоци на настанот. Обезбедени се снимки од видео надзорот на објектот.​​

Можете да прочитате

Трајковски: 20,9 милиони евра долг за пет локомотиви, прескапа авантура на Владата

Ахмети се закани со „План Б“ – Ако излезам на улица, нема враќање

Исплатени 336 милиони денари субвенции за 1.211 сточари