Утрински Весник
Свет

Обвинителството во Приштина покрена обвинение против поранешниот косовски амбасадор во Скопје

20240125094631 Big 730x400 40

Основното обвинителство во Приштина покрена обвинение против поранешниот амбасадор на Косово во Северна Македонија Ѓерѓ Дедај, поради закани кон претседателката Вјоса Османи, пишува приштински Коха.

Портпаролката на ова обвинителство Љаурета Уљај за Коха изјавила дека е поднесено обвиние против Ѓ.Д. за сторено кривично дело „закана“.

Откако беше разрешен од функцијата, Дедај неговото разрешување го сметаше за политичка одмазда.

Советникот на претседателката за медиуми, Беким Купина, за Коха изјави дека Дедај бил пријавен кај властите поради јавната закана што ја упатил до Османи.

„Како што предупредивме, Ѓерѓ Дедај е пријавен кај органите на прогонот поради јавна закана по животот и безбедноста на претседателката Османи и нејзиното семејство“, рече Купина.

На обвинението реагираше Дедај, кој на Фејсбук напиша: „Злоупотребата на власта за прогон на политички противници е КРИМИНАЛ! Долу клевети, линчови, дискриминација, уцени и политички сталинистичко-болшевички прогони во Косово, на политичка, идеолошка, полова, регионална, партиска, етничка и верска основа“, напиша тој на Фејсбук.

Косовските медиуми пишуваат дека обвинението е резултат на изјава која Дедај ја дал во телевизиска емисија.

За време на телевизиско гостување, Дедај рече дека се чувствува загрозен од, како што рече, „кланот Османи“, додавајќи дека тој и неговото семејство, кои потекнуваат од Ѓаковската Висорамнина, постапуваат според Канонот на Лек Дукаѓин, што е збир на традиционални албански закони.

Дедај ја даде оваа изјава откако беше разрешен од функцијата амбасадор на Косово во Северна Македонија.

Можете да прочитате

Биткоинот достигна рекордни 98.000 долари

Руте итно заминува кај Трамп

Бебето кое исчезна од породилиштето во Виена е пронајдено мртво во корпа за ѓубре