Утрински Весник
Македонија

Обвинителството отвори предмет за случајот со застреланата мечка

2 Gorsel Galerisi 8.jpg

Здружението за заштита на животни „Анима Мунди“ денеска објави фотографија на која се гледа заменик-директорот на „Македонија пат“, Сашо Дранго, со мртва мечка за која тврдат дека е жртва на незаконски лов. Здружението најави поднесување кривична пријава и побара одговорност за инцидентот.

Во врска со случајот, Основното јавно обвинителство од Битола отвори предмет и започна истрага за да се утврди како мечката настрадала. „По објавите во медиумите, оформен е предмет и се постапува за да се утврди што точно се случило. Ќе побараме од ‘Анима Мунди’ да ги достават нивните материјали и пријавите поднесени до надлежните институции“, изјавија од обвинителството.


Сашо Дранго денеска даде изјава за дел од медиумите, во која нагласи дека мечката не била застрелана, туку настрадала во сообраќајна несреќа. Според неговите зборови, тој и неколку вработени ја отстраниле мечката од патот Битола-Ресен, по што направил фотографија со неа.

Случајот предизвика бурни реакции во јавноста, а „Анима Мунди“ повика на транспарентна истрага и соодветна казна доколку се утврди дека мечката е незаконски убиена.

Можете да прочитате

Ученик од Миравци дискриминиран поради фризура

Апел за помош: Виктор Васиљевиќ починал во Шпанија, а семејството нема доволно средства за да го донесе дома

Брајовото писмо останува недостапно за учениците во Македонија, над 1.000 лица немаат пристап до него