Утрински Весник
Македонија

Обвинителството отвори постапка по скандирањата за „Голема Албанија“ и „Илирида“ на натпреварот Шкендија – Карабах

Obvinitelstvo 1.jpeg

Навивачите на тетовска Шкендија и најголемиот дел од неколку илјадната публика на арената Тодор Проевски синоќа на фудбалки меч извикуваше Илирида и скандирања за Голема Албанија.

И покрај апелите на ФФМ и на раководството на Шкендија за фер и достоинствено навивање, публиката не ги послуша овие совети.


Веднаш по натпреварот најголемиот дел од медиумите ги пренесоа овие скандирања по што во јавноста и на социјалните мрежи вриеше од коментари и барање на одговорност, нешто што беше пракса и по кошаркарскиот натпревар помеѓу Македонија и Романија.

МВР го има регистрирано инцидентот од таму за медиумите велат дека се постапува, отворена е истажна постапка.

МВР

„Постапуваме врз основа на обезбедена видео и фото-документација. Со јавниот обвинител координираме следни чекори со цел целосно расчистување на случајот“, соопштија од СВР Скопје, додавајќи дека веќе е започната постапка за идентификација на лицата кои учествувале во инцидентот.“

И од обвинителството потврдуваат дека се работи заедно со другите државни органи за расветлување на случајот.

ОЈО

– Основното јавно обвинителство Скопје постапува во координација со министерството за внатрешни работи.

И овој спортски настан беше следен од владини функционери вицепремиерот Изет Меџити, претседателот на Собранието Африм Гаши, министерот за економија Бесар Дурмиши, но и опозиционерите Али Ахмети и Арбен Таравари.

Претседателот на собранието Гаши кој јавно ги осуди ксенофобичните скандирања од пред три дена овој пат на фејсбук со честитка кон навивачите кои според него биле достоинствен пример за националните вредности.

Африм Гаши – Претседател на Собрание

Им честитам на навивачите, кои беа подеднакво достоинствен пример за нашите национални вредности, внатре и надвор од стадионот.

Хелсиншкиот комитет и за овој случај со своја реакција апелираат до Министерството за внатрешни работи другите надлежни институции веднаш да постапат во согласност со најавените мерки за санкционирање на ваквите испади.

Хелсиншки комитет за човекови права

– И покрај апелите од јавноста и институциите за фер и спортско навивање, од трибините се слушнаа повици за „Голема Албанија“, „Чамерија“ и „Илирида“ пораки кои се далеку од манифестирање на спортски дух и придонесуваат за поттикнување меѓуетнички поделби, ја нарушуваат меѓуетничката кохезија, а имаат потенцијал да предизвика и злосторства од омраза.

Пред почетокот на натпреварот фудбалската федерација на Македонија излезе со повик за фер навивање и да нема провокации и навреди.

ФФМ

– Апелираме до сите навивачи и љубители на фудбалот да навиваат спортски.

Упатуваме повик до сите присутни да не подлегнуваат на провокации и да одбегнуваат навреди по било каква основа. Не смееме да дозволиме провокациите и навредите да бидат пред фудбалот, спортските и човечките вредности.

Ова беше уште еден од низата на спортски натпревари во кои за жал трага ќе остават скандирања поврзани на етничка линија, наместо да биде запаментен по фер плеј, и постигнување на добри спортски резултати. Обвинителството веќе има истражна постапка за скандирањата токму по основ на етнички навреди и национализам на кошаркарскиот натпревар во Куманово на Втори август, а неколкумина биле и повикани на информативен разговор.

Можете да прочитате

Повлекувани 4.295 денари на сите граѓани кои купувале онлајн преку маркетите за козметика “ДМ“ или лажна страна

Успешно е спасен параглајдеристот кој висеше на дрво високо над 30 метри (ФОТО)

ЦУК: Итна спасувачка акција во Македонија