Утрински Весник
Македонија

Обвинителството не гледа индиции за сериозен криминал кај внукот на Ахмети, ќе чекаат пријава за да постапат

Внукот на Ахмети објасни како ја купил „Соравија“: Дознавме дека има долг што не може да го врати, па го купивме
Dik 300x250 mk

Обвинителството ќе постапи ако надлежните институции достават известување или пријава за криминал во случајот за сопственоста на деловниот центар Соравија.

dobivaj vesti na viber

Обвинителството нема да постапи по допрен глас.

„Јавното обвинителство ги следи информациите. Доколку органите надлежни за откривање на кривични дела и контрола на финансиските текови (Управата за финансиска полиција, Единицата за финансиски истраги при МВР, Управата за јавни приходи или др.) постапат и достават известување или пријава, обвинителството ќе постапи согласно своите законски надлежности. Инструментот на допрен глас се користи доколку во конкретниот случај постојат сериозни индиции или наводи за сторен криминал или кога органите надлежни за откривање кривични дела не постапуваат согласно своите надлежности“, велат од Обвинителството за „Макфкас“.

Претходно денес, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски кажа дека Обвинителството ќе може да отвори истрага и да ги провери фактите за сопственоста на „Соравија“.

Внукот на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, Дрин Ахмети, ќе стане втор по големина сопственик со удел од 39 отсто во деловниот центар. Мнозински сопственик со 51 посто од акциите ќе биде Владимир Пјетерѓокај со албанската компанија „Пе-Вла-Ку“, а 10 проценти ќе има досегашниот сопственик Хано Соравија.

Одлуката Ахмети да биде косопственик на објектот предизвика реакции во јавноста.

На вчерашната прес-конференција, Хано Соравија не ја откри цената за купопродажбата, велејќи дека е деловна тајна.

Можете да прочитате

Ред,чистота и култура. Орце е вистинскиот избор за Скопје, порачува Мицковски

ЗНМ: Осуда за заканите кон новинарот Исмаили

Приведен 49-годинишен тетовец по објавите со закани на социјалните мрежи