Утрински Весник
Македонија

Обвинителството му нареди на МВР да распише потерница по Груби и Бајрами

Ojo.webp.webp

Јавното обвинителство издаде наредба до Министерството за внатрешни работи (МВР) да распише потерница за поранешниот вицепремиер Артан Груби и екс директорот на Државна лотарија, Премтим Бајрами откако Основниот кривичен суд Скопје одлучи да им изрече мерка притвор во траење од 30 дена затоа што и двајцата се наоѓаат во Косово.

По донесените решенија на Основниот кривичен суд Скопје со кое е определен притвор за двајца осомничени во истрагата за проневера во Државна лотарија, кои се недостапни на органите на прогонот, Основното јавно обвинителство Скопје вечерва до Министерството за внатрешни работи ќе издаде наредба за објава на национална потерница и изјава за распишување меѓународна потерница“, информираа од обвинителството.


Оттаму појаснуваат дека за да може да се бара екстрадиција на Груби и Бајрами МВР прво треба да распише национална потерница, по што се дава изјава за распишување меѓународна потерница, односно со таа изјава се потврдува дека обвинителството ќе бара екстрадиција доколку двајцата осомничени бидат приведени во странство.

Можете да прочитате

Спроведени 617 вонредни контроли пред Велигден, уништени 1 740 килограми небезбедна храна

Нема подолги задржувања на граничните премини

Медитерански циклон ни носи многу дожд и локално невреме!