Утрински Весник
Македонија

Обвинителството ќе го чека и извештајот на Министерство за здравство за починатата Јана, обдукцискиот наод уште го немаат

Обвинителството ќе го чека и извештајот на Министерство за здравство за починатата Јана, обдукцискиот наод уште го немаат

Обдукцискиот наод кој треба да покаже од што почина петгодишната Јана Христовска, се уште не го добиле во битолското Обвинителство. Кога ќе биде изработен, прво ќе биде даден во Министерството за здравство, па ќе го земе обвинителот. Кога Комисијата од Министерството ќе донесе заклучок за постапувањето на медицинскиот персонал – ќе биде предаден и остатокот од документацијата кај обвинителот.

dobivaj vesti na viber

„ Обдукцискиот наод не е доставен до Основното јавно обвинителство Битола, но во меѓувреме се преземени повеќе дејствија за испитување на настанот. Извршен е распит на повеќе лица кои имаат определени сознанија и обезбеден е дел од медицинската документација. Останатиот дел од документацијата ќе биде најпрвин потребен за работата на комисијата за оценка на стручноста во постапувањето формирана од Министерството за здравство. По завршување на нивното постапување, обвинителството ќе го обезбеди и нивниот и извештајот од Државниот здравствен и санитарен инспекторат во поглед на почитувањето на медицинските протоколи. По завршување на сите проверки ќе биде донесена јавнообвинителска одлука за натамошниот тек на постапката”, посочи Обвинителството за “Макфакс”.

Државниот санитарен и здравствен инспекторат изврши вонреден инспекциски надзор во ЈЗУ Клиничка болница „Д-р Трифун Пановски“ Битола, каде почина петгодишната Јана Христовска. Здравствените инспектори, констатирале дека на девојчето му била дадена глукоза заедно со фисиолошки раствор – но тоа не е констатирано како грешка на педијатрите кои го третирале девојчето. Направен е и увид во медицинската евиденција, а земени се изјави и од здравствените работници кои го третирале детето.

Сведоштво за последните моменти на Јана имаше и татко ѝ за „Макфакс“. Тој и неговата сопруга се убедени дека за смртта на нивната ќерка пресудна била инфузијата со гликоза што ја добила и покрај тоа што претходно анализите покажале дека шеќерот ѝ е 9. По инфузијата, шеќерот ѝ се качил на 19 и состојбата ѝ се искомплицирала, а по три часа, им соопштиле дека починала.

Можете да прочитате

ИК на ВМРО-ДПМНЕ: Мицкоски овластен да предложи нови кадровски решенија

Пренџов: ДУИ нема да биде дел од Владата, сè додека таа е предводена од премиерот Мицкоски

Полицаец по 4 часа во кафана прегазил велосипедистка која почина – Семејството Цветкоски по две години неизвесност утре ја чека пресудата на судот