Утрински Весник
Македонија

Обвинителството ќе бара повисока казна затвор за Јованов

Vasil jovanov presuda1.jpg

Обвинителот Александар Марковски го задржа правото да бара поголема затворска казна од 12 години колку што денес му пропиша Основниот кривичен суд во Скопје на Васил Јованов кој смртно ја прегази 22- годишната Фросина Кулакова. Обвинителот по пресудата кажа дека судот изрекол досега највисока казна за вакво дело.

„Ова беше една мала победа за Обвинителството. Инаку станува збор за трагичен настан и нема простор ниту за славје ниту за разочараност. Во поглед на тоа самопризнание мислам дека придонесе и ефикасната и брза истрага кон која, со свој кадар и напори, придонесе и МВР кои беа на висина на задачата како и истражителите од ОЈО Скопје. Денешниот ден за Обвинителството е поголема победа затоа што беше изречена казна затвор која во историјата на овој Суд, за ова кривично дело и кога станува збор за една жртва, не била досега изречена, сметајќи на висината од 12 години казна затвор. Сепак Обвинителството го задржува правото на жалба и да бара повисока казна затвор“, рече обвинителот Марковски.


Денес Кривичниот суд му изрече 12 години затворска казна за 20-годишниот Васил Јованов, кој смртно ја прегази Фросина Кулакова на пешачки премин на булеварот Партизански одреди во јануари, годинава.

Во образложението, судијката Снежана Марковска кажа дека при одлучувањето судот ги земал во предвид сите олеснувачки и отежнувачки околности. Јованов доби и забрана за управување на возило од Б категорија во времетраење од пет години.

Можете да прочитате

„Луке, собери си ги кучињата!“ – Арсовска во жесток судир со советниците на Град Скопје

ЈОУ Библиотека „Гоце Делчев“ – Гевгелија одбележува 80 години од озаконувањето на македонскиот правопис

Гевгелија – домаќин на Друштвото на новосадски книжевници со промоција на меѓународната антологија „Нов духовен мост“