Утрински Весник
Македонија

Обвинителство бара притвор за скопјанец кој повредил гостин во ресторан

Обвинителство бара притвор за скопјанец кој повредил гостин во ресторан

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за кривично дело – Насилство според член 386 став 6 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

dobivaj vesti na viber

Постои основано сомнение дека 40-годишниот скопјанец, на 28 ноември во ресторан на улицата „Лондонска“, најпрвин започнал вербална расправија со едно лице, а потоа и физички го нападнал.

Кога неколку други лица се обиделе да ги раздвојат, осомничениот извадил нож на расклопување и на едно од присутните лица кои се обидувале да го оттргнат му нанел четири убодни рани со кои му предизвикал тешки телесни повреди на градниот кош и на раката.

Кај останатите присутни во ресторанот осомничениот предизвикал чувство на страв, загрозување и несигурност.

Надлежниот јавен обвинител оцени дека во конкретниот случај постои опасност осомничениот да се даде во бегство, да го повтори делото или да влијае врз сведоците во постапката, па до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор.​​

Можете да прочитате

Спасувачка мисија на полицискиот хеликоптер во струмичко

Свечено отворен ЕМОФ Скопје 2025 – Над 4.200 спортисти од 50 земји пристигнаа во Македонија

Вечерва активни се седум пожари низ државата