Утрински Весник
Свет

Обвинителот бара 20 години затвор за Навални: рускиот опозиционер е во затвор за повеќе обвиненија

На Навални му се закануваат уште 30 години затвор: „Тврдат дека додека сум затворен, правам терористички дејства“

Рускиот државен обвинител бара опозицискиот политичар Алексеј Навални да биде осуден на 20 години затвор за формирање екстремистичка организација.

dobivaj vesti na viber

„Државниот обвинител побара Навални да биде прогласен за виновен според Дел 3 од член 282.1 од Кривичниот законик на Руската Федерација (основање екстремистичка заедница и учество во неа), како и за финансирање екстремистички активности, јавни повици за екстремистички активности и побара тој да биде осуден на казна затвор од 20 години“, се вели во соопштението на судот.

Адвокатот на Навални, Олга Михаилова, изјави дека судот донел одлука да ја објави пресудата на 4 август годинава, пренесува ТАСС. Навални отслужува вкупно 11,5 години во казнената колонија ИК-6 во Мелехов, околу 235 километри источно од Москва, поради измама и други обвиненија.

Неговите поддржувачи ја обвинија Москва дека се обидува да го скрши за да ја замолчи неговата критика кон рускиот претседател, што Кремљ го негира.

Тие, исто така, ги обвинија затворските власти дека не му пружиле на Навални соодветна медицинска нега и изразија загриженост за неговото здравје. Од престојот во затвор, опозицискиот политичар поднесе бројни жалби против казнената колонија, а сите беа одбиени.

Можете да прочитате

Лавров на Алјаска стигна со блузон на кој пишува СССР

Денеска ќе се одржи средбата Трамп – Путин

Русија и Украина разменија нова група воени заробеници