Утрински Весник
Свет

Обвинителката од Врховниот суд на Грција предлага отфрлање на барањата за намалување на казната за пожарот во Мати

Grcija 1.jpg

Обвинителката од Врховниот суд на Грција предложила да се отфрлат барањата за намалување на затворските казни и признавање олеснителни околности за четворица осудени за катастрофалниот пожар во Мати во јули 2018 година, во кој загинаа 104 лица.

Жалбите ги поднеле поранешниот началник и неговиот заменик на противпожарната служба, поранешниот генерален секретар за цивилна заштита, како и еден жител на Мати осуден за потпалување, кои барале намалување на петгодишните казни и признавање олеснителни околности. Обвинителката побарала барањата да се отфрлат, а одлуката на судот се очекува во наредниот период.

Можете да прочитате

Иран го објави главниот услов за завршување на војната

ВИДЕО: Жесток напад на Иран врз Емиратите, огромен пожар во клучно нафтено складиште

Русија: Уништивме 250 украински дронови што се движеа кон Москва во текот на викендот