Утрински Весник
Македонија

ОБСЕ/ОДИХР: Изборите конкурентни и организирани ефективно, забелешки за законодавството

Obse Odihr2 681x380 1.jpg

Парламентарните и претседателски избори беа конкурентни и основните слободи беа почитувани иако процесот останува недоволно регулиран, а изборното законодавство обезбедува соодветна рамка за одржување демократски избори, но празнините и двосмисленостите ја загрозуваат правната сигурност поради што е потребна нивна ревизија. Ова се прелиминарните заклучоци на меѓународната набљудувачка мисија за вториот круг од претседателските избори и парламентарните избори што се одржаа вчера во земјава.

-За жал, Изборниот законик неодамна беше изменет во недоволно транспарентна забрзана постапка и без консултации со јавноста што не е во согласност со меѓународните стандарди и заложбите на ОБСЕ. Иако во измените беа вклучени некои од претходните препораки на ОДИХР, и технички предлози на ДИК, тие во голема мера не ги зедоа во предвид препораките на меѓуагенциската работна група задолжена за изборните реформи. Голем број на клучни препораки на ОДИХР и на Венецијанската комисија при Советот на Европа, останаа нерешени вклучувајќи ги и оние за системско ревидирање на Изборниот законик, за обезбедување еднаков пристап до медиумите во изборните кампањи и за зголемување на отчетноста и интегритетот на финансирањето на кампањата, истакна шефот на набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР, Џилјиан Стирк.

Таа нагласи дека опсежното и плуралистичко покривање на кампањата во медиумите им даде можност на гласачите да направат информиран избор, но негативната реторика и националистичките слогани го нарушиле инаку стабилниот предизборен период. Во контекст на родовата рамноправност во извештајот се нагласува дека со забележителниот исклучок на една жена претседателски кандидат во вториот круг во кампањата, генерално биле вклучени малку жени политичарки. Во контекст на транспарентноста и отчетноста во финанансањето на кампањата се посочува дека тие биле ослабени поради минималните обврски за финансиско известување и ограничениот капацитет на надзорните органи вклучувајќи и за следење на злоупотребата на административните ресурси.

Властите вклучувајќи ја ДИК и Уставниот суд, не секогаш адекватно ги решаваат приговорите поврзани со изборите на навремен и транспарентен начин со што, како што оценува, била ограничена ефективноста на правните лекови.

Изборите беа организирани ефективно но се посочува честите наводи за купување гласови во предизборниот период пред гласањето влијаело на довербата во процесот.

За самиот изборен процес, се наведува дека во набљудуваните избирачки места процесот на гласање бил уреден, транспарентен и позитивно оценет. Но се забележува во неколку случаи избирачките одбори не се придржувале целосно до пропишаните процедури при пребројувањето на гласовите.

Набљудувачите на меѓународната набљудувачка мисија набљудуваа вкупно 1340 избирачки места при што позитивно ги оцениле процедурите за гласање во огромно мнозинство од набљудуваните избирчаки места. Сепак се посочува биле забележани на некои случаи на групно и семејно гласање.

Меѓународната набљудувачка мисија на денот на изборите имала распоредено 344 набљудувачи, од 42 земји.Конечните резултати за првиот и вториот круг за претседателските икакои за параментарните избори ОБСЕ/ОДИХР најави дека ќе го објави за два до три месеци.

Можете да прочитате

(Видео) Со колони знамиња прославено во Скопје Денот на албанското знаме

Јаневска: Директорот во студентскиот дом „Пелагонија“ набавил пилешко по цена од 570 денари за килограм

Ратите за новите автобуси ќе се отплаќаат од 2028 година, најавува премиерот Мицкоски