Утрински Весник
Македонија

ОБРАЗОВАНИЕТО СТОЛБ НА ЕДНО ОПШТЕСТВО

Ivan Anastasovski.jpg

Пишува: Проф. д-р Иван Анастасовски

1ви септември и 1ви октомври се најубавите денови во образовниот процес, како за учениците и нивните родители, така и за студентите и нивните родители. На ваков значен ден за образованието секогаш се поставува прашањето какво образование имаме во Македонија и дали нашите педагошки работници (наставници и професори) пред се во основното и средното образование се соодветно платени и наградени за трудот кој го вложуваат да ги описменат нашите деца но и воедно да ги научат и да ги спрема за сите предизвици кои ги чекаат во животот. Знам дека се работи за голема бројка на наставници и професори во образовниот процес но тоа не би требало да биде изговор за ниту една Влада која е должна да направи сериозни напори за да ги наградува соодветно нашите просветни работници. Факт е тоа, дека во нашиот образовен систем не е проблем само наградата на просветните работници, туку се потребни и сериозни реформи на целиот наш образовен систем за да би можел да биде компатибилен со европскиот образовен систем.


Денес, сакам да поставан некои дилеми со кои би можело да се подобри образование во Македонија, за што е многу важно да се има сериозен системски пристап. Подобрувањето на образовниот систем значи долгорочна инвестиција во иднината на државата. Најзначајното е подобрувањето на квалитетот на наставниот кадар преку обука и професионален развој, како и соодветни тренинзи и семинари за наставниците, особено по нови наставни методи и технологија. Клучот на успехот на секој поединец е во доживотно учење и усовршување. Селекција и мотивација на наставениот кадар преку реални конкурси а не партиски активисти кои секогаш имаат предност пред останите просветни работници, дали партиската припадност е гарант за професионалност – НЕ, и конечно овде е важен сегментот што го напишав погоре а тоа е стимулирање на добрите наставници со награди каде ќе има јасна градација помеѓу нив и континуирано зголемување на платите на просветните работници.

Она што јас сум убеден дека е сериозен проблем во целиот наш образовен процес се наставните програми (застарени и неприлагодени), па оттаму многу е важно да има континуирана модернизација на наставните програми преку практични и животно релевантни содржини усогласени со современиот (реалниот) живот и пазарот на труд. Ако се пратат трендовите мора да се направи интеграција на дигитални вештини со што учениците би учеле за програмирање, медиумска писменост и дигитална безбедност уште од основното образование.

Инвестициите во инфраструктура претставува болна тема за секоја општина оти кога говориме за основото образование тоа е под целосна ингеренција на општините. Секоја општина би морала да биде проактивна во однос на европските фондови кои се однесуваат на осовремување на училиштата особено во делот на хигиена, греење, тоалети, пристап за ученици со попреченост, интернет, библиотека, лаборатории. Овде би сакал да истакнам еден пример од мој престој во Словенија кога заедно со колегите од Факултет за физичко образовние, спорт и здравје бевме на опсервација на “Тандем наставата“ која е една од најголемите рефоми во поновата историја на Македонија во основното образование, впрочем бев пријатно изненаден кога видов во училиштата децата се движат боси од училницата до спортската сала (која е поврзана со школото) што ме наведе да поставам прашање за тоа како успеваат да ја одржуваат хигиената на така високо ниво, исто така родителите не можат повтрувам не можат да влегуваат наутро кога ги носат децата во школо, ги остават до пред врата и секое дете многу дисцилинирано го оставаше својот мобилен телефон во посебна просторија намената само за тоа. Секогаш после таа посета се запрашувам дали би можело нашето образование да го достигне тоа ниво некогаш во иднина.

Она што според мене е много важно и е голема сатисфакција за секој просветен работник кој има голема општествена улога е да се води подобра контрола и евалуација на учениците преку надворешно тестирање и објективна евалуација на знаењето а не само да се ослонуваат на матурата, исто така, мора да има сериозен преглед на работата на наставниците преку постојана анализа и подобрување според резултатите и фидбекот кој треба да се очекува од самите ученици и нивните родители.

Ако сакаме да го рефомираме и доближиме нашиот образовен систем до европскиот едноставно треба да има силно и недвосмислено намалување на политичкото влијание или едноставно кажано деполитизација на нашиот образовен процес управуван од стручни просветни работници, а не од делегирани партиски кадри. И конечно мора да има силна поддршка за учениците и родителите прекувоведување на психолози, педагози, социјални работници во секое училиште, но и сериозна поддршка за семејствата со ниски приходи преку бесплатни учебници, соодветен оброк за секој ученик, бесплатен превоз за ученици и итн.

Затоа нека им е честито првиот училишен ден на нашите основци, нашите средношколци нивните родители и нормално на нашите просветни работници кои се столб на образовниот процес а пак тој е основен столб на општеството.

Можете да прочитате

(Видео) Молотов коктел фрлен во објект во Скопје

Северна Македонија на 51. место според Глобалниот индекс за мир за 2025 година

Неделков: Изминатите пет години платите на просветните работници се зголемени за 70 проценти