Утрински Весник
Спорт

Обрадовиќ: Во Партизан има нешто што нема на – друго место!

220900 Obradovikj Kje Napravam Sje Za Da Ostanam Vo Partizan Tuka Ima Neshto Shto Nema Na Drugo.jpg

Тренерот на српскиот кошаркарски евролигаш Партизан, Жељко Обрадовиќ и потврди на дело дека има намера да потпише нов договор со клубот од Белград. Пред натпреварот со Басконија кој „црно-белите“ го добија (87:83) и остааа во игра за пласман во доигрувањето, навивачите на Партизан скандираа „нов договор за Жељко“. На ова скандирање Обрадовиќ возврати со таблата која ја користи за тајм-аути, ја зема и на неа потпиша. Гест кој ги израдува навивачите. На прес-конференцијата по мечот потврди дека сака да остане во Партизан иако во клубот не е сѐ идеално. -Кога публиката рече дека сака нов договор, ја земав таблата и потпишав. Треба ли уште да објаснувам? Сум работел во многу големи клубови, но вакво нешто нема. Им благодарам на навивачите од срце. Треба да се биде шампион и во навивање. Што се однесува до мене, сѐ ќе направам за да останам во Партизан. Тука не е сѐ идеално, но Елдорадо не постои. Се надевам дека заедно ќе најдеме начин да ја продолжиме приказната која ја градиме и ќе продолжиме да го браниме угледот на клубот, градот и државата“, рече Обрадовиќ.

Можете да прочитате

Македонските фудбалерки до 19 години ќе играат квалификациски турнир во Португалија

Верстапен: Во Мекларен ќе станев шампион многу порано

Младост 96 есенски шампион во пингпонгарската Суперлига