Утрински Весник
Спорт

Обрадовиќ: До каде дојдовме? Детето плука по нас и ни покажува среден прст, а мајката се смее

Обрадовиќ: До каде дојдовме? Детето плука по нас и ни покажува среден прст, а мајката се смее

Кошаркарите на Црвена Звезда на домашен терен го победија Партизан со 68:56 и израмнија на 2:2 во финалната серија од АБА лигата. Шампионот ќе се решава во „мајсторка“, која е закажана за утре.

dobivaj vesti na viber

Тренерот на Партизан, Жељко Обрадовиќ, имаше бурна прес-конференција, која ја напушти и не дозволи да му поставуваат прашања. Тој беше многу незадоволен од атмосферата во „Пионир“.

„Звезда го одигра еден од најдобрите натпревари, успеавме да се вратиме во финишот, а потоа се случија неверојатни работи. Ме прашавте во Арена дали слушнав нешто, а јас ве прашувам дали вие слушнавте нешто овде. Дали слушнавте? Пред 15 дена ги гледав натпреварите на НБА и Никола Јокиќ и после тоа најдов канал каде имаше натпревар од 1987 година меѓу Партизан и Црвена Звезда. Тогаш бев играч и на двата натпревари имаше навивачи на двете екипи и навиваа убаво и културно. Што се случи за сега да имаме вакви ситуации? За што се работи? Денес гледам дете како се шета со мајка му и татко му и покажува среден прст и плука по автобусот со кошаркарите, а мајката се смее. Играчите на Партизан и на Црвена Звезда заслужуваат да се зборува за кошарка и дали играчите треба да размислат дали да останат во оваа средина? Прашајте се, сите. Кој сее омраза? Тоа е прашањето на сите прашања“, изјави Обрадовиќ и ја напушти прес – конференцијата во салата „Пионир“.

Можете да прочитате

Хагерти за Надал: Организиравме сè онака како што сакаше Рафа

Поранешен фудбалер со нож нападнат во Њујорк

Намибиски новинар му одговори на Перез: Тој е фрустрирана личност