Утрински Весник
Македонија

Облачно со услови за утринска магла

Oblachno.webp.webp

Во земјата денеска ќе преовладува прeтежно облачно време. По одделни котлини  има услови за појава на утринска магла. Ќе дува слаб ветер претежно од јужен правец.

Минималните температури ќе бидат во интервал од минус 4 до 2, а максималните ќе достигнат од 12 до 17 степени.


Во Скопје времето ќе биде претежно облачно и тивко. Во делови од котлината има услови за појава на утринска магла. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне 16 степени.

-Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и суво време, освен во четврток кога ќе има услови за слаб локален дожд. Во четврток и петок ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец кој ќе биде поизразен долж Повардарието, соопшти УХМР. 

Можете да прочитате

Mарт – месец за подигнување на свеста за симптомите од ендометриоза

Жена тешко повредена откако автомобил излетал од автопатот Скопје – Штип

Давкова: Состојбата во државата е стабилна и безбедна