Утрински Весник
Македонија

Облачно со услови за повремен локален дожд

Oblacno 1.webp.webp

Времето денеска ќе биде умерено облачно со сончеви периоди, а попладне претежно во западните делови со услови за краткотраен повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 2, а максималната ќе достигне од 12 до 19 степени Целзиусови.

Во Скопје ќе биде умерено облачно, наместа ќе има услови за повремен локален дожд. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 18 степени.


Според најавите од Управата за хидрометеоролошки раобти (УХМР), утре ќе биде умерено облачно со сончеви периоди, а попладне претежно во западните делови со услови за краткотраен повремен дожд. До вторник ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Во среда ветерот ќе го смени правецот во источен, а во четврток во североисточен. Од вторник дневната температурата ќе има тенденција на опаѓање

Можете да прочитате

Протест на ССМ во Скопје со барање за минимална плата од 600 евра

Меѓународна конференција за институционалните и клиничките аспекти и решенија по пожарот во Кочани

Литургија и општ парастос за упокоените во пожарот во дискотеката „Пулс“