Утрински Весник
Македонија

Облачно со сончеви периоди и услови за слаб дожд

Esen.jpg

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во крајните јужни и источните делови ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 10, а максималната ќе достигне од 13 до 18 степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 18 степени.


Во наредните денови времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен јужен ветер. Утре ќе има локални врнежи од дожд, а од четврток дневната температура ќе биде во пораст.

Можете да прочитате

Анкета: ВМРО-ДПМНЕ со највисок рејтинг, Мицкоски со најголема доверба

ВМРО-ДПМНЕ: СДС по насока на Заев промовира антидржавна политика

Ноќеска започнува летното сметање на времето