Утрински Весник
Македонија

Облачно со локален дожд, на планините снег

Oblacno Ezero.webp.webp

Времето денеска ќе биде прoменливо облачно со слаб повремен локален дожд, а на планините и на повисоките места ќе има слаб снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 6, а максималната ќе достигне од 7 до 11 степени.

Во Скопје променливо облачно со повремен слаб дожд. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 10 степени.

Периодот на променливо облачно време ќе продолжи со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Пообилни врнежи ќе има утре кога ќе преминуваат во снег и во некои од пониските места. 

Можете да прочитате

МЕТЕОАЛАРМ ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Во недела 1 февруари снег на повеќе места

Најстудено на Попова Шапка, на места утринските температури под нула

Намалена видливост на патот Свети Николе – Велес