Утрински Весник
Македонија

Облачно со дожд и јужен ветер

Oblacno.webp.webp

Времето денеска ќе биде облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен, наместа засилен ветер од јужен правец. Минималните температури ќе бидат во интервал од 3 до 9, а максималнаите ќе достигнат од 6 до 14 степени.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со услови за повремен дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од јужен правец. Минималните температури ќе се спуштат до 3, а максималните ќе достигнат до 10 степени.

Под влијание на нестабилна воздушна маса до крајот на неделата времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд кои наместа ќе бидат над 20 l/m². До среда ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер претежно од јужен правец. Во четврток и петок ветерот ќе го смени правецот во северен, што ќе услови пад на температурите.

Можете да прочитате

Бомба пронајдена во Ваташа – 24info.mk

Миноски: Кризите на Блискиот Исток директно влијаат врз цените, инфлацијата и животниот стандард

Шест македонски државјани од Израел ќе бидат евакуирани со владиниот авион