Утрински Весник
Македонија

Облачно, попладне со сончеви периоди

20241201170454 Big 730x400 36.webp.webp

Променливо облачно време со сончеви периоди е прогнозата од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) за денешниот ден. Утрото ќе биде облачно со слаб локален дожд и снег особено во јужните делови од земјата, а температурата ќе биде од минус 3 до 5 Целзиусови степени. Во текот на денот ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Дневната температура ќе се движи од нула до 8 степени.

Во Скопје денеска претпладне се очекува облачно, а преку денот тивко време со намалување на облачноста. Температурата наутро ќе биде 2 Целзиусови степени, а во текот на денот ќе се искачи до 8 степени.

За утре се најавува сончево и тивко време со мала до умерена облачност и со температура до 10 степени.

Можете да прочитате

Облачно со врнежи во источните делови

Врнежи од снег со слаб интензитет на Попова Шапка, сообраќајот се одвива непречено

По убиството во Охрид, Димоски: Македонија станува небезбедно место за живот