Утрински Весник
Македонија

Обилните врнежи продолжуваат кај нас, во недела снег и под 1000 метри

Meteoalarm.mk 21.png

Метео анализа на Славчо Попоски:

Под влијание на циклонска активност со центар над Медитеранот и на поладен воздух од север до недела (30 Ноември) во нашата Македонија времето ќе биде облачно и релативно ладно со повремени врнежи од дожд кои повремено ќе бидат обилни и поројни и со услови за локална појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен  а повремено засилен ветер од северен правец. На планините над 1500 метри надморска височина врнежите ќе бидат од снег  и токму на овие места ќе се формира снежна покривка.

И во Скопје  и околината продолжува облачното и врнежливо време со повремено обилни врнежи од дожд и со повремено засилен ветер од северен правец.

Локално до недела (30 Ноември) повторно ќе наврне големо количество на воден талог (нови над 50 литри дожд). Токму поради ова апелирам возачите да внимаваат како управуваат со своите возила  и да не се движат покрај водотеците поради опасноста од ново зголемување на нивоата на реките  и на езерата кај нас  и нови поплавувања.

Поради понатамошно спуштање на ладен воздух од север за време на викендот, особено во недела на 30 ноември врнежи од снег ќе има  и на местата под 1000 метри надморска височина а тоа значи дека повремен снег ќе има  и во повисоките населени места во нашата Македонија. Викендов  и на околните планини во Скопје ќе има повремени врнежи од снег а можност за провејување на снег ќе има  и во повисоките предели од котлината.

Температурите особено викендов значително ќе се намалат  и ќе се искачуваат во интервалот од 3 до 11 степени а во Скопје  и околината температурата ќе се искачува до околу 7 степени.

Можете да прочитате

ССКМ: ОДЛУКАТА НА КОМИСИЈАТА ЗА ЗАШТИТАНА КОНКУРЕНЦИЈАТА Е ПЛОД НА ПРЕДХОДНОТO РАКОВОДСТВО ВО СОЈУЗОТ НА СТОПАНСКИ КОМОРИ НА МАКЕДОНИЈА

Македонски државјанин обвинет за силување во Хрватска

Агелер: Воопшто не ми се допаѓа состојбата во судството