Утрински Весник
Свет

Обилниот дожд предизвика поплави на Арапски Полуостров, 18 лица загинаа во Оман

20240416123414 Big 730x400 17.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Арапскиот Полуостров е погоден од поплави предизвикани од обилен дожд. Во надојдената вода во Оман  загинаа најмалку 18 луѓе, а се трага по исчезнатите.

Обилниот дожд предизвика поплави и во главниот град на Обединети Арапски Емирати. Поради силниот ветер нарушен е и авиосообраќајот на Меѓународниот аеродром во Дубаи.

Пред невремето во ОАЕ беа затворени училиштата, а државните службеници работат од дома.

Дождот не е вообичаена појава на Арапскиот Полуостров, па голем број улици немаат дренажа. Властите со цистерни ја испумпуваат водата од улиците и автопатиштата.

Во Дубаи наврнале повеќе од 30 милиметри дожд, а во текот на денот се очекуваат дури 128 милиметри.

Дожд врнеше и во Бахреин, Катар и Саудиска Арабија.

Можете да прочитате

Словаците излегоа на протести низ земјата со барање за оставка на премиерот Фицо

Хегсет одбива да објави видео од американскиот напад врз брод со дрога во Карибите

Напаѓачот од Бонди обвинет за 15 убиства