
Метео анализа на Славчо Попоски:
Во овие моменти од север кон Македонија се спушта значително поладен воздух па така обилните врнежи од дожд освен на повисоките места и на планините преминуваат во врнежи од снег и во градовите особено во западните предели од Македонија. Снежна покривка ќе се формира на повисоките места и на планините над 1000 метри надморска височина со висина од над 10/15 сантиметри а на повисоките планини таа ќе биде и поголема.
Мала снежна покривка може да се формира и во пониските места (градовите) во западните предели од Македонија.
Сето ова е поради силниот и ладен циклонски систем со центар над Џеновскиот залив и токму овој силен ладен циклон ни ја врати зимата на самиот крај на месец март. Сето ова особено лошо ќе се одрази врз овошките кои се во фаза на цветање.
Поради обилните снежни врнежи на планинските превои апелирам возачите да бидат крајни внимателни како управуваат со своите возила.


