Утрински Весник
Свет

Обилни дождови во Кина: 15 загинати, илјадници евакуирани

Обилни дождови во Кина: 15 загинати, илјадници евакуирани

Петнаесет лица загинаа во Кина, а четири се водат како исчезнати по бурните дождови во југозападниот дел на земјата, додека илјадници луѓе се евакуирани од своите домови, објави во средата официјалната новинска агенција Ксинхуа.

dobivaj vesti na viber

Како резултат на обилните дождови, „15 лица загинаа, а четворица се водат како исчезнати во Чонгкинг во југозападна Кина“, се вели во извештајот во средата рано наутро, пренесе агенцијата, повикувајќи се на локалните власти.

Потврдата за жртвите доаѓа еден ден откако метеоролошките служби предупредија за можни непогоди предизвикани од дождовите кои зафатија голем дел од центарот и југозападот на земјата, во исто време кога беа соборени температурните рекорди. Претседателот Си Џинпинг нареди „властите на сите нивоа да дадат приоритет на обезбедувањето на безбедноста на луѓето и имотот“, додаде „Чајна њус“ во средата.

„Си истакна дека високите функционери на сите нивоа треба да преземат водство во борбата против поплавите, да ја стават безбедноста на луѓето и имотот на прво место и да се стремат да ги минимизираат загубите“, според „Њу Чајна“. Колкава е штетата говори податокот дека во вторникот поради дожд се урна железнички мост во Чонгкинг, провинција со 31 милион жители, јави Ксинхуа.

Во соседната провинција Сечуан, повеќе од 460.000 луѓе се погодени во различен степен од поројните дождови оваа недела, додаде агенцијата во вторникот. Властите соопштија дека околу 85.000 луѓе се евакуирани од своите домови поради дождот и дека оваа недела се очекуваат „големи поплави во планинските области“ и „можни свлечишта на места“.

Можете да прочитате

Инфлацијата во еврозоната се искачи на 2,3 отсто

Зеленски назначи нов командант на копнената војска

Најголемиот електричен авион ќе полета следната година