Утрински Весник
Македонија

Обид за убиство во Мирковци: Куршумот завршил во ѕид, осомничениот во притвор

Policia Maqedoni Policija.jpg

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Убиство во обид според член 123 став 1 во врска со член 19 од Кривичниот законик. Дополнително, поведена е постапка против друго лице за помагање во врска со извршување на кривичното дело, според член 365 став 2 од Кривичниот законик.

Настанот се случил на 10 декември во селото Мирковци. Според обвинителството, 37-годишен осомничен со умисла се обидел да лиши од живот друго лице поради меѓусебна нетрпеливост, која произлегувала од нерасчистени должничко-доверителски односи. Осомничениот пристигнал пред домот на оштетениот, каде извадил пиштол и испукал еден куршум. Иако куршумот не ја погодил жртвата, тој завршил во ѕидот покрај влезната врата.


Оштетениот, кога го забележал оружјето, успеал да се повлече внатре и да ја заклучи вратата. Осомничениот потоа започнал агресивно да тропа и да удира по вратата, но не успеал да влезе во куќата. По неуспешниот обид, побегнал од местото заедно со друго лице, за кое се сомнева дека му помогнало да го избегне откривањето.

Ценејќи дека постојат законски основи за одредување притвор, јавниот обвинител поднесе предлог за притворска мерка за осомничениот за обидот за убиство. Основниот кривичен суд Скопје ја прифати мерката и одреди 30-дневен притвор.

Активностите на истрагата продолжуваат, а јавноста ќе биде информирана за понатамошниот тек на постапката.

Можете да прочитате

МВР: Не отварајте сомнителни линкови и датотеки прикачени во е-маил пораки и не споделувајте лични податоци

На сметка за струја од 2.300 денари – зголемувањето е 21 денар

Директорката ја уништува болницата: Медицинскиот персонал во детската болница Козле се обрати со писмо до Мицкоски и Таравари