Утрински Весник
Магазин

Обид за убиство на Аца Лукас – настапот на Јахорина откажан

Aca lukas 1.jpg

Српскиот пејач Аца Лукас преку својот Инстаграм профил објави дека синоќа на Јахорина засега непознати лица се обиделе да го убијат него и неговиот возач.

„По синоќешниот настап на Јахорина, се обидоа да ме убијат мене и мојот возач. Едвај се спасивме живи. Се обидоа да нè убијат“, напиша Лукас во објавата што брзо се прошири на социјалните мрежи.

По инцидентот, организаторите на Јахорина официјално го откажаа неговиот најавен настап, што беше потврдено и преку нивниот Инстаграм профил.

Според српскиот портал Hyptv.rs, лицето со иницијали Н.М. наводно се обидело да го усмрти пејачот користејќи службен автомобил, додека Лукас во тој момент бил со својот возач.

Инаку, пред помалку од два месеци, фотографија на која заедно се појавуваат Аца Лукас и Насер Ориќ предизвика бројни реакции и коментари во јавноста, што дополнително ја зголеми вниманието околу пејачот.

Засега нема официјална потврда од надлежните институции за деталите од случајот.

Можете да прочитате

Мачките никогаш не треба да ги храните со овие намирници

Дневен хороскоп за 03 март 2026

Дневен хороскоп за 02 март 2026